Добродојдовте

Почитувани посетители,

Агрeгаторот на видео содржини – www.eduvideos.mon.gov.mk, претставува веб портал кој на наставниците и учениците од основните и средните училишта во Република Македонија им овозможува да споделуваат и да гледаат видео содржини, поврзани со темите од наставните програми кои се изучуваат.

Системот обезбедува контролирано објавување и класифицирање на видео содржини во согласност со стандардите кои важат во образованието.

Платформата не ги меморира видео содржините, туку само линкови од истите, односно содржините се преземаат и гледаат од оригиналните страници.

При внесувањето на одредена видео содржина потребно е да се посочи видеото од некој од постојните видео портали (Youtube, Viemo, Dailymotion, Hulu и други), да се опише неговата содржина во текстуален формат и истото да се класифицира во една од понудените категории.

Прегледот на видео содржините е достапен без најавување од страна на корисниците, односно наставниците и учениците.
За дополнителни информации, корисниците можат да се обратат на електронската адреса eduvideos@mon.gov.mk.