Дишење кај растенијата – Вежби – микроскопирање на стоми

939
Објавено на 16/01/2015 од monadmin

На часовите по Природни науки и техника, 6-деветолетка,имаше наставна тема Дишење кај организмите. На часот на вежби покрај тоа што пребарувавме по интернет да видиме како кои организми дишат направивме и микроскопски препарат за микроскопирање на стоми од лист на африканска темјанушка. Микроскопскиот препарат го споредувавме со слики најдени на интернет, по кој се разви дискусија околу дишењето.Целиот процес го сликавме, а ученикот Дамјан Ристовски го преточи во „филмче“ кое може на сите да ни послужи како добро организиран час.

Категорија

нема коментар

Додади коментар

Вашата email адреса нема да биде објавена.